Утрински Весник
Спорт

Родри ги провоцира Англичаните. Мората го потсети каде игра, тој му одговори дека не му е гајле

04fa3bc9 34e2 4fd0 Bfd5 D6490c29b1ac.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шпанските репрезентативци освојувањето на титулата на ЕП ја прославија синоќа на Плаца де Сибелес во Мадрид пред десетици илјади навивачи.

„Водител“ на програмата, која ја обележаа неколку контраверзи моменти беше капитенот Алваро Мората. Новиот напаѓач на Милан во еден момент запеа „Гобралатр е шпански“.

Навивачите ја прифатија пораката, а во ист тон продолжи и Родриго Ернандез, во фудбалскиот свет познат како Родри, кој беше прогласен за најдобар играч на ЕП.

Гибралтар е британска територија со 33.000 жители на југот на Шпанија, за кој Лондон и Мадрид имаат децениски спор.

„Гибралтар е шпански, Гибралтар е шпански…“, пееше 28-годишниот Родри, како што може да се види на снимката објавена на порталот на весникот „Марка“, која ја пренесуваат и други шпански медиуми.

Шпанската државна телевизија (RTVE) на својата веб-страница објави дека за време на прославата неколку играчи пееле за шпански Гибралтар „во неколку наврати“.

Некои англиски медиуми тој момент го опишаа како „невкусен“. Во еден момент од прославата Алваро Мората го потсети Родри дека игра во Англија, на што Родри одговори: „Не ми е гајле“.

Родри е играч на Сити од 2019 година и е под договор до 2027 година. Тој одигра повеќе од 250 натпревари за клубот и со него ја освои титулата во Лигата на шампионите и четири пати ја освои Премиер лигата.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов