Утрински Весник
Македонија

Родителите на Јана сослушани во Обвинителството, дали има лекарска грешка се чека на Институтот за судска медицина

Родителите на Јана сослушани во Обвинителството, дали има лекарска грешка се чека на Институтот за судска медицина

Родителите на петгодишната Јана, која почина по примањето инфузија со гликоза во битолската болница, дале искази во Обвинителството. Го добиле и обдукцискиот наод, но и тие, како и Обвинителството, го чекаат извештајот на Институтот за судска медицина.
„Дадовме искази во Обвинителството. Го кажавме сето она што веќе го изјавивме во медиумите. Ни го дадоа наодот од обдукцијата, но за да биде конечен, ќе чекаме да се изјасни Институтот за судска медицина. Ни кажаа дека тоа е процес што ќе потрае, неопходно е да се почекаат сите резултати“, вели Кристина Христовска, мајка на петгодишната Јана, за „Макфакс“.
Од Обвинителството веќе известија дека го разгледале наодот од обдукцијата извршена во Клиничката болница во Битола и со наредба побарале, врз основа на сите прибрани докази, да се изјасни Институтот за судска медицина за евентуална причинско-последична врска на медицинскиот третман со причините за смртта.
Родителите во сите досегашни изјави во медиумите се изјаснија дека се убедени оти за нивната ќерка пресудна била инфузијата со гликоза, која ѝ била дадена и покрај тоа што крвната слика покажала зголемено ниво на шеќер и оти се работи за лекарска грешка.
Петгодишната Јана почина во битолската болница во март годинава, само неколку часа откога била примена со благо покачена температура, дехидрирана, со повраќање и со оток на очите.

dobivaj vesti na viber

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег