Утрински Весник
Македонија

Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца

Tiktok.webp.webp

Четворица британски родители поднесоа тужба против платформата ТикТок во САД поради тврдењата дека мрежата ги избришала податоците на нивните деца, за кои тврдат дека починале во „сомнителни околности“.

Родителите поднесоа тужба тврдејќи дека четири деца починале во 2022 година како резултат на обидот за „предизвикот за онесвестување“, вирален тренд со гушење што кружеше на социјалните мрежи во 2021 година.


Една недела по поднесувањето на тужбата, извршниот директор на ТикТок рече дека податоците се избришани поради „законските барања кога отстрануваме податоци“, а според законот на Велика Британија, на платформите не им е дозволено да чуваат лични податоци подолго од потребното

Можете да прочитате

Активни пожари во Депонија Дрисла, Никуштак и Булачани, во селото Татеши и во населбата Еленкамен

Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ