
Инфомакс објавува дека голем инцидент се случил денеска во Кочани за време на протестите поради нерешениот случај со пожарот во ноќниот клуб „Пулс“. На настанот бил забележан поранешниот градоначалник на Кочани и обвинет во случајот, Ратко Димитровски, кој, според сведоци, бил во кафеана во друштво на актуелен кандидат за градоначалник од една политичка партија.
Присуството на Димитровски предизвикало бурни реакции кај родителите кои ги загубија своите деца во трагичниот пожар. Тие влегле во директна конфронтација со присутните, изразувајќи револт и гнев поради, како што велат, „недостигот на правда и човечност“.
По вербалниот инцидент, лицата со кои бил Димитровски биле евакуирани од местото со помош на полициски службеници.