Утрински Весник
Македонија

РобоМак 2025 – натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција

20250511210102 big 730x400 27.webp.webp

Меѓународниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција „RoboMac 2025” од денеска до 17 мај ќе се одржи во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Скопје 13. пат ќе биде домаќин на повеќе од 70 млади иноватори и експерти од земјата и странство.

Студентите, како што најавуваат организаторите, ќе имаат можност да се запознаат со последните технолошки иновации поврзани со роботиката, автоматиката, електрониката и вештачката интелигенција, преку богатата програма и практични работилници. Работејќи во тимови, студентите ќе имаат можност да ги употребат своите теоретски знаења и практични вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија.


На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат деканот на ФЕИТ, Владимир Атанасовски, Ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и претседателот на македонската секција на IEEE Анастас Мишев.

РобоМак 2025 е во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, заедно со Македонската секција IEEE и Факултетското студентско собрание на ФЕИТ.

Можете да прочитате

Претседателот Бајрам Бегај пречекан со високи почести во Гостивар, Валбон Лимани му го додели „Клучот на градот“ 

Со тродневна програма ќе се одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“

Донесена е одлука за спојување на Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија