Утрински Весник
Спорт

Рој Кин: Тројцата најдобри играчи во Премиер лигата се Де Брујне, Халанд и Роналдо

Рој Кин: Тројцата најдобри играчи во Премиер лигата се Де Брујне, Халанд и Роналдо

Рој Кин ги избра актуелните најдобри играчи во Премиер лигата. Легендарниот капитен на Манчестер јунајтед, кој моментално работи како аналитичар, изненади со својот избор. Ирецот смета дека најдобри играчи во Премиер лигата се Кевин Де Брујне, Ерлинг Халанд и Кристијано Роналдо.

dobivaj vesti na viber

За дуото на Сити малкумина можат да го обвинат, но навивачите дебатираат за изборот на Кристијано Роналдо, кој е далеку од својата најдобра форма. Португалецот не е во првиот тим на Ерик тен Хаг и има два гола и една асистенција на десет настапи оваа сезона.

Сепак, Кин верува дека неговиот поранешен соиграч е меѓу тројцата најдобри играчи на сите времиња.

„Тројцата најдобри фудбалери на сите времиња се Кристијано Роналдо, Диего Марадона и Зинедин Зидан“, заклучи харизматичниот Ирец.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина