Утрински Весник
Македонија

РКЕ со последни анализи за воведување дополнителен час на евтина тарифа

Struja.webp.webp

Во тек се анализите за воведување на дополнителен час на евтина тарифа во текот на денот, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика. Граѓаните наместо до 15 часот, ќе можат да перат и да готват на евтина струја до 16 часот, пренесува МРТ.

Од 1-ви ноември граѓаните наместо до 15 часот, поевтина струја ќе користат до 16 часот. Регулаторната комисија за енергетика ги прави последните подготовки. Оттаму очекуваат сè да биде според планираната динамика.

„Во тек се анализите за воведување дополнителен час на евтина тарифа во текот на денот. Станува збор за опсежна енергетска анализа во која освен енергетскиот аспект значајно влијание имаат и финансиските елементи, посебено ако земеме предвид дека сме во фаза на стабилизација – по пандемијата и енергетската криза“, вели Бислимовски во изјава за МРТ1.

Граѓаните, барем оние повозрасните, со душа чекаат час повеќе евтина струја во текот на денот.

Финалната одлука Регулаторна ќе ја донесе кон крајот на месецов.

На сила останува евтината тарифа во ноќните часови и секако денот недела.

Во 2021, во екот на енергетската криза, регулаторот ја укина дневната евтина тарифа.

Можете да прочитате

КАМ соопшти дека на сите вработени за 2025 ќе им исплати рекорден К-15

Гори во Валандово и Дојран – МВР испраќа хеликоптер

Кос: Уставните измени се единствен услов за ЕУ, манастирите, погачата и пинџурот се вашиот идентитет