Утрински Весник
Македонија

РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, да се проверат инсталациите и да се подмират сметките

Parno.jpg

Грејната сезона во Скопје за сите приклучени на мрежата за централно греење ќе почне на 15 октомври 2024 година, со исти услови како и претходно, односно со загарантирана температура од 21 степен Целзиусов и греење во периодот од 6:00 до 22:00 часот.

Како што информира денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени, тогаш грејната сезона може најрано да почне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април.

РКЕ апелира до станарите, односно заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници. Во исто време РКЕ, како што се наведува, и со официјален писмен допис побара од снабдувачите со топлинска енергија информација за спремност за старт на грејната сезона.

– Согласно последната одлука од 1 август 2024, сметките за топлинска енергија за домаќинствата се пониски за 3,16 отсто, додека околу 1200 фирми, училиштата и институции кои се приклучени на централното градско греење ќе имаат пониска цена за 17 отсто, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Земјотрес ја стресе Македонија вечерва

Утре пензионерите ќе добијат повисоки пензии

Следува продолжен викенд, а овој месец доаѓа уште еден неработен ден – Еве колку празници преостануваат