Утрински Весник
Свет

Ривалот на Ердоган ги предупреди Русите да не се мешаат во Турција

Ривалот на Ердоган ги предупреди Русите да не се мешаат во Турција

Кемал Киличдароглу, лидерот на најголемата опозициска партија во Турција и клучен ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори в недела, ја обвини Москва за ширење заговори и ја предупреди да не се меша во внатрешните работите на Турција, пренесува РТ.

dobivaj vesti na viber

Во Турција в недела, 14 мај, ќе се одржат и претседателски и парламентарни избори.

Во објава на турски и руски јазик на „Твитер“ во четвртокот, Киличдароглу, лидер на Републиканската народна партија (ЦХП), напиша:

„Почитувани руски пријатели. Вие стоите зад монтажите, заговорите, дип-фејковите и снимките што беа откриени вчера. Ако го сакате нашето пријателство по 15 мај, тргнете ги рацете од турската држава“.

Не давајќи повеќе детали за обвинувањата, тој додаде дека сè уште се залага за соработка и пријателство со Русија.

Киличдароглу во моментот води во анкетите пред актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ја води земјата од 2014 година и беше премиер 11 години пред тоа.

Неговата изјава доаѓа откако лидерот на Татковинската партија, Мухарем Инџе, во четвртокот се откажа од претседателската трка тврдејќи дека против него била водена клеветничка кампања.

Според турските медиуми, Инџе ја објавил својата одлука откога на интернет се појави видео на кое наводно се гледа дека тој има вонбрачна врска и се вози во скапи автомобили.

„Ова е дело на ѓуленистичката терористичка група“, рече Инџе алудирајќи на поддржувачите на прогонетиот Фетула Ѓулен, кој живее во САД.

Сега во трката за претседателската функција останаа Ердоган, Киличдароглу и Синан Оган. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека актуелниот турски претседател е зад Киличдароглу за пет процентни поени.

Коментирајќи ги претстојните избори во Турција, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна минатиот месец дека Москва никогаш не се меша во внатрешните работи на другите земји.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години