Утрински Весник
Македонија

„Ритамот на душата, бојата на традицијата“ концерт на „Танец“ во Националната Опера и Балет

Slika za najava na godishen konczer.jpg

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со голема чест и задоволство ја најавува својата кулминација на сезоната-Годишниот концерт-„Ритамот на душата, бојата на традицијата“

Дата: 20.12.2025 Сабота

Место: Национална Опера и Балет

Време: 19:30 часот

Ова е вечер кога сцената ќе оживее со „Ритамот на душата, бојата на традицијата“- мотото под кое се одвива тековната концертна сезона.

Подгответе се за незаборавно патување низ богатата ризница на македонскиот фолклор. На програмата ве очекуваат:

  • Мајсторски изведби на антологиски македонски ора и песни.
  • Раскош на народни носии од сите краишта на Македонија.
  • Кореографски решенија кои ги спојуваат традицијата и современиот сценски израз.
  • Врвни играорци, пејачи и музичари на Ансамблот кои го носат македонскиот идентитет низ светот.

Не ја пропуштајте оваа свечена можност да бидете дел од традиционалниот празник на народната уметност, што е идентитетскиот код на Македонија!

Билети: Билетите се во продажба преку kupikarta.com

Можете да прочитате

Фертилитетот во фокус: Експерти подготвуваат прв Национален водич за заштита на фертилитетот

Началникот на Генералштабот на АРМ ја заокружи посетата на ВС на САД  со средби со високи воени претставници во Пентагон, Вашингтон

Левица: Владата застана зад САД и Израел – народот ја плаќа цената на пумпите