Утрински Весник
Магазин

Рита Ора и Таика Ваитити објавија фотографии од венчавката една година подоцна

Рита Ора и Таика Ваитити објавија фотографии од венчавката една година подоцна

Рита Ора и Таика Ваитити ја прославуваат својата прва годишнина како брачен пар со досега необјавени фотографии и детали од нивниот посебен ден.

dobivaj vesti na viber

Британската пејачка текстописец (32) и режисерот (47), кои се венчаа на интимна церемонија во август минатата година, споделија среќни спомени од нивната венчавка за „Вог“.

„Тоа не беше во Лондон или во Франција како што пишуваше во медиумите“, изјави Ваитити за магазинот додавајќи дека Ора е таа што го побарала за маж.

„Тоа, всушност, беше приватна забава за осум најомилени луѓе во нашиот дом во Лос Анџелес на 4 август минатата година“.

„Имаше осум луѓе, само блиски пријатели и семејството, а родителите ја гледаа церемонијата преку ‘Зум’. Бевме ние и мојата сестра Елена. И моите две ќерки беа присутни“, рече режисерот во интервју за „Вог“.

Поп-ѕвездата, која се појави и во трилогијата „Педесет нијанси сиво“, изјави дека за венчавката носела накит од Лорејн Шварц и фустан од Том Форд.

„Том Форд е еден од моите омилени дизајнери на сите времиња и најомилени луѓе воопшто“, рече таа за изборот на дизајнерот за нејзината венчаница. „Тој сега е еден од моите блиски пријатели и многу го обожавам и му се восхитувам. Да се венчаш во негови фустан беше остварување на сонот“.

„Ги носев бисерите на мајка ми, кои ги носела на нејзината венчавка“, откри таа за Вог. „Сестра ми чекореше со мене до олтарот и беше блажено, мирно и интимно и забавно“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста