Утрински Весник
Спорт

Ристовски во солзи по натпреварот

360190d6 D8dc 4957 A2ec D040bf02f341.jpg

Динамо Загреб одигра 1:1 на „Максимир“ со Бетис и се пласираше во осминафиналето во Конференциската лига.

Клубот од Загреб пред една недела го победи Бетис во Севилја со 1:0 и така мина со вкупен резултат 2:1. Бетис поведе на „Максимир“ со голот на Седрик Бакамбу, а Такуро Канеко погоди за Динамо.

Долгогодишниот играч на Динамо, Стефан Ристовски во солзи го дочека крајот на натпреварот.

Неговата мајка почина на крајот на минатата година. Таа почина по тешко боледување.

Тој ѝ ја посвети оваа победа со порака на маицата која ја носеше под дресот: „Среќен роденден, мамо“.

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига