Утрински Весник
Спорт

Ристовски: Што и да кажам ќе биде премалку по поразот од Баерн, имам само една молба

Stefan Ristovski.jpg

По натпреварот против Баерн Минхен разочарувањето во тимот на Динамо Загреб беше големо, а на прес-конференцијата зборуваше македонскиот фудбалер Стефан Ристовски.

„Пред сè сакам да им се извинам на навивачите на Динамо, се надевам дека ќе ни простат и ќе бидат со нас. Не е лесно да се биде пред новинарите и да се коментира по овој пораз. Мора да бидеме свесни дека не го претставуваме само Динамо, туку и хрватскиот фудбал. Како соблекувална мораме да се извлечеме и верувам во тоа. Динамо е клуб со голема историја кој секогаш има големи барања. Сега е најлесно да се впери прстот кон некој и да се каже дека тој е крив. Само сите заедно може да се извлечеме од оваа ситуација. Што и да кажам сега, ќе биде премалку. Кога ќе изгубиш и ќе примиш девет голови… Искусни сме и долго време играме заедно, ова е неприфатливо. Динамо со години гради имиџ и ова е неприфатливо за сите нас. Имам само една молба, да останеме заедно и само така можеме да одиме напред“, изјави Ристовски.

Можете да прочитате

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо

Вардар подобар од Алкалоид во дербито на ракометната Суперлига

Флорентино Перез: Винисиус ти си најдобриот играч во светот