Утрински Весник
Македонија

Ристова: СДСМ поддржува минимална плата од 31.500 денари – вртоглаво растат трошоците за живот

Pres Lilita Ristova.jpeg

Интегрален текст од прес-конференција, Лолита Ристова, членка на Извршен одбор на СДСМ

Животот на повеќето граѓани станува сè поскап од ден во ден. Основните трошоци растат, а платите стагнираат – секојдневието на граѓаните е сведено на борба за опстанок.


Две минимални плати, веќе повеќе месеци, не се доволни за покривање на основните потреби.
Овој месец, минималната синдикална кошница достигна 63.252 денари, што претставува пораст од скоро 400 денари месечно, а во споредба со јануари 2024 година,  зголемувањето е за 6.000 денари.

Погрешните економски политики на Мицкоски и ДПМНЕ ги збогатија елитите, додека народот осиромашува.

Во најголемиот Буџет во историјата тежок 6 милијарди евра, власта вели дека нема пари поголеми плати за работниците.

Пари за минимална плата нема, но пари за нов авион има.

Мицкоски и ДПМНЕ си ги кројат приоритетите онака како што ним им одговара, без тронка совест и грижа дали работникот во текот на месецот ќе има со што да го прехрани семејството и да ги плати сметките.

Со ова темпо на пораст на трошоците за живот, минималната плат веќе треба да биде над 500 евра.

СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците и во најтешките кризи, не заборавивме на работниците. За прв пат Владата на СДСМ ја зголеми минималната плата во државата за 

100 проценти во однос на 2016 година, односно на сегашните 22.567 денари, додека просечната месечна нето-плата од 22.460 денари, се зголеми на 42.000 денари.

И сега, СДСМ е страна на работниците. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги поддржува барањата за зголемување на минималната плата на 31.500 денари.

Бараме власта итно да се откаже од луксузирања, да ги напушти погрешните политики и да ја покачи минималната плата и платите за вработените во различни сектори.

Можете да прочитате

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: Во среда и четврток (29 и 30 јануари) од запад влажен бран ќе ја зафати Македонија!

Клековски: „8 Септември“, Штип, Битола и Тетово или ќе третираат и со биолошка терапија или нема потреба од онколошки одделенија што не работат

Вработен во ЈП вршел наплата во домови низ тетовско – парите наместо на благајна, си ги ставал во џеб