Утрински Весник
Македонија

Ристевски: Се уште нема разрешница за скандалот во Онкологија, каде завршувале парите и колку граѓани починале поради несоодветен третман

Ристевски: Се уште нема разрешница за скандалот во Онкологија, каде завршувале парите и колку граѓани починале поради несоодветен третман

Помина еден месец од монструозниот скандал на Онкологија, а нема ни приближно никаква разрешница. Предистрагата трае и со право граѓаните се сомневаат дека и овој случај ќе заврши како и случаите со Дурмо турс, Беса транс, модуларната во Тетово, односно дека истиот се заташкува, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

dobivaj vesti na viber

„ Индициите за овој скандал и злоупотреба на терапијата на болни од канцер во јавноста се говорат најмалку две години наназад. Најпрво ние како ВМРО-ДПМНЕ, а потоа пред 6 месеци за истото пишуваа и медиуми. Надлежните органи со месеци и години не преземаат ништо, со месеци се оставани граѓаните без терапија, соодветен третман иако истото им следува како осигуреници, истакна Ристески.

Тој посочи дека според информации во јавноста онколошки пациенти кои починале и понатаму се воделе на листата за лечење, за оние пак кои се лечат се уште нема дел од потребната терапија, ова остава сомнеж дека терапијата се препродава на црниот пазар.

„ Дали странски државјани биле лекувани со цитостатици? Дали малверзациите се причини за милионските долгови на Онкологија? Долговите достигнаа до 20 милиони евра, и ова се поклопува со времето кога се воведува скапата терапија која според информациите достигнува до неколку илјади евра по пациент. Постојат изјави дека на пациентите им бил даван само физиолошки раствор, а потребната терапија биле препродавана. Министерството и министерот треба да одговорат кој дозволил незаконско делување во третманот на пациентите? Зошто најсовремената терапија не е на позитивна листа? Во чии џебови се парите и дали има лоцирана одговорност. Колку граѓани поради несоодветен третмани ги изгубиле своите животи? Одговорноста мора да има име и презиме, но мора да има и политичка одговорност. Министерот требаше веднаш да поднесе оставка“ порача Ристески.

Можете да прочитате

Со нафта од резервите го нормализира јавниот превоз во Скопје

Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20%