Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Ристески: Четири години на ВМРО-ДПМНЕ, четири години застој, разочарувања и нула резултати во Аеродром!

Img 1767.jpeg
300x250 opst2

Изјава на Милутин Ристевски, носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром:

Четири години ВМРО-ДПМНЕ, Митески и Муцунски раководат со Општина Аеродром и четири години гледаме само разочарувања, незаинтересираност и неисполнети ветувања.
Ветуваа многу, „хумана урбанизација”, 100.000 квадратни метри ново зеленило, 3.000 нови паркинг места, 4 нови градинки, таблет за секое дете, смарт табли во секоја училница…


А што добија граѓаните?

Запуштени паркови, треви до колена, ѓубре на секој чекор и буквално ниту метар ново зеленило.

Ниту едно клучно ветување не е реализирано!

Ветени 4 нови градинки – ниедна не е изградена.

Ветено зголемување на помошта за новороденчиња – ништо од тоа.

Ветена нова гимназија – не е ни започната.

Од ветените 6 кружни текови – ниту еден не изграден.

Од 3000 паркинг места – само две мали паркиралишта.

„Вело-дромот” и велосипедските патеки на секоја улица?

Само празни зборови.

Ветија гасификација, еко-полиција, фонд за реконструкција на фасадите – и сè тоа исчезна веднаш по изборите.

Драги сограѓани,
време е да ставиме крај на лагите и неработењето.
Време е управувањето со Аеродром да го довериме на чесни, посветени и одговорни луѓе.
Време е за промена што ќе донесе резултати и вистински развој.

Аеродром заслужува повеќе – зелена, функционална и современа општина во која ќе живееме со гордост.

Аеродром е нашиот дом – и време е повторно да го изградиме заедно.

Можете да прочитате

Бујар Османи: Имам јасен план, сите згради во Чаир ќе имаат лифт

Герасимовски: Буџетот за култура двојно се зголемува, македонската култура, автори и уметници имаат вистинска поддршка во Центар

Злоупотребата на институциите за партиски цели кулминира во Чаир: Османи најави ревизија на сите сомнителни проекти