Утрински Весник
Спорт

Рио Фердинанд: Ако играв јас, ќе го ставев Ерлинг Халанд в џеб

Рио Фердинанд: Ако играв јас, ќе го ставев Ерлинг Халанд в џеб
Dik 300x250 mk

Манчестер Сити игра во неверојатна форма оваа сезона. „Граѓаните“ го добија последниот дерби натпревар со 4:1 против Арсенал и се во најдобра позиција да ја задржат титулата во Премиерлигата.

dobivaj vesti na viber

Сепак, Рио Фердинанд тврди дека тимот на Манчестер Јунајтед од 2008 година, во кој беа играчи како Кристијано Роналдо и Вејн Руни, ќе надвладееше над овој славен тим на Манчестер Сити.

„Toa би биле навистина тешки. Овој тим на Гвардиола со Халанд и со Де Брујне е силен, но мислам дека нашиот Манчестер Јунајтед од тоа време би ги победил со 3:1“, истакна поранешниот дефанзивец, кој сега е аналитичар на „БТ Спортс“.

На прашањето дали би успеал да го држи под контрола Ерлинг Халанд, Фердинанд погледна во џебот и се пошегува: „Тој ќе биде таму некаде“.

Потоа сепак, продолжи сериозно: „Тие се застрашувачки тим и не можете да го негирате тоа“.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја