Утрински Весник
Магазин

Ринго Стар позитивен на Ковид-19, претстојните настапи во Северна Америка откажани

Ринго Стар позитивен на Ковид-19, претстојните настапи во Северна Америка откажани

Сер Ринго Стар откажа пет концерти во рамките на својата турнеја во Северна Америка откога доби позитивен резултат на тестот на Ковид-19.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот тапанар на „Битлси“, кој има 82 години, имаше низа настапи во САД и Канада со својот бенд „Олстар“ пред да се разболи изминатиов викенд.

По откажувањето два настапа во последен момент, денес е потврдено дека Ринго има Ковид-19 и турнејата ќе биде ставена на чекање, изјави неговиот портпарол во понеделникот.

Ринго закрепнува дома и се надева дека набргу ќе ги продолжи настапите.

„Ќе ги информираме фановите за какви било дополнителни вести или промени“, изјави неговиот портпарол за Би-би-си.

Ѕвездата овој јули го прослави својот 82. роденден.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 19 март 2026

Одењето може да ги открие емоциите на луѓето

Вресокот како терапија за ослободување од стрес