Утрински Весник
Спорт

Рибакина нова шампионка на Австралија Опен

20260131121504 big 730x400 12.webp.webp

Тенисерката од Казахстан Елена Рибакина е новата шампионка на Австралија Опен откако со 2:1 во сетови (6:4; 4:6 и 6:4) ја совлада првата тенисерка на светот Белорусинката Арина Сабаленка. За Рибакина ова е втора Гренд слем титула откако беше победничка на Вимблдон 2022 година, а воедно и се реваншираше на Сабаленка за поразот во финалето во Мелбурн во 2023 година.

Сабаленка остана на две титули на Австралија Опен, а го играше четвртото финале во низа.

Мечот траеше 2 часа и 19 минути, а почна со брејк на Рибакина во првиот гем што беше доволен за да го освои сетот со 6:4 во гемови. Во вториот сет немаше брејк до десеттиот гем кога при водство од 5:4 Сабаленка го освои гемот на сервис на ривалката без да и дозволи да освои поен.

Во решавачкиот сет Сабаленка почна одлично и поведе со 3:0 во гемови, но Рибакина направи пресврт и освои пет гемови во низа и поведе со 5:3. Во десетиот гем Рибакина ја искористи меч топката и мечот го заврши со ас сервис.

Утре во машкото финале ќе играат Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ, а почетокот е во 9:30 часот по македонско време.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027