Утрински Весник
Македонија

Ретките болести меѓу темите на логопедско – дефектолошко – психолошкиот конгрес во Скопје

Ретките болести меѓу темите на логопедско – дефектолошко – психолошкиот конгрес во Скопје
Dik 300x250 mk

Ретките болести, се само една од темите, што се на агендата на Логопедско – дефектолошко – психолошкиот конгрес, што денеска и утре, се одржува во организација на Гаспар – Центарот за психофизичко здравје.

dobivaj vesti na viber

Меѓу темите е и таа за психолошка поддршка на родителите на деца со попреченост, а ќе се говори и за децата со попреченост во училница.

Предавачи се проф. д-р специјалист Стојка Фуштиќ, педијатар – пулмолог, директорка на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Горан Ајдински, дефектолог, проф. д-р специјалист Велибор Тасиќ, педијатар – нефролог, м-р Даринка Шостер, мастер логопед, која работи во Република Србија, м-р Фики Гаспар, како и м-р специјалист Бојан Богдановски, клинички логопед – специјалист.

„ Целта на овој настан е размена на стручни знаења, приказ на практична работа и запознавање со новините во логопедијата, дефектологијата и психологијата. Настанот е наменет за сите логопеди, дефектолози, специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, невропсихолози, педагози, доктори, лингвисти, медицински лица, родители, студенти и сите коишто имаат интерес за овие науки“, појасни Гаспар, педагошки психолог и управител на Центарот, организатор на настанот.

Дводневниот конгрес се одржува во Музеј на македонската борба во Скопје.

Можете да прочитате

Променливо облачно, температурата до 19 степени

Пријавен поткуп за време на изборниот молк – градоначалник и две лица фатени на лице место

Гласовите на болните и изнемоштени не се бројат и објавуваат денес, објави ДИК