Утрински Весник
Спорт

Репрезентативците на Перу се тепаа со шпанската полиција

Репрезентативците на Перу се тепаа со шпанската полиција

Неверојатен инцидент се случи во понеделникот вечерта пред хотелот во Мадрид, во кој е сместена фудбалската репрезентација на Перу.

dobivaj vesti na viber

Перуанците, вечерва на стадионот на Атлетико играат пријателски натпревар против Мароко, а претходната вечер пред хотелот дошло до конфликт со полицијата. Да нема забуна, во судирот со полицијата не учествувале само навивачите, туку и репрезентативците на Перу.

Проблемот настанал кога стотици фанови се собрале пред хотелот да ги поздрават своите миленици. Според изјавите на сведоците, на кои се повикува шпанскиот дневен весник „Марка“, полицаец го турнал перуанскиот репрезентативец Јошимар Јотун, сметајќи го за навивач, на што фудбалерот одговорил со иста мерка. Тоа, пак, резултираше со сериозен конфликт меѓу фудбалерите и полицајците.

Новинската агенција ЕФЕ објави дека голманот на перуанскиот тим Педро Галезе завршил во полициската станица во Мадрид, а тоа подоцна го потврди и перуанското Министерство за надворешни работи.

„Генералниот конзулат на Перу во Мадрид ни потврди дека фудбалерот Педро Галезе е ослободен од полициската станица каде дал изјава. Против него не е покренато обвинение“, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Перуанските медиуми негираа дека меѓу приведените се и Алекс Валера, Јошимар Јотун и Хозе Карвало.

 

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари