Утрински Весник
Македонија

Ременски оди во дипломатија – ќе биде конзул во Венеција

Frosina remenski i nikola micevski 1 bg resize.jpg

На последната седница на Владата, професорката и поранешна пратеничка од СДСМ, Фросина Ташевска Ременски е именувана за генерален конзул и шеф на Генералниот конзулат на Македонија во Италијанската Република, со седиште во Венеција. На оваа седница именуван и е конзул во Мелбурн, Австралија, како и донесена е одлука за отворање на Амбасада на Република Казахстан Македонија, со седиште во Скопје.

Фросина Ременски од политичките функции, покрај пратеничката, ја извршуваше и функцијата потпретседател на Собранието, шест години беше еден од потпретседателите на СДСМ, а ја извршуваше и функцијата министер за труд и социјална политика.  Редовен професор е на Факултетот за безбедност – Скопје.

Можете да прочитате

СВР Охрид уапси двајца возачи и одзеде две возила

Шукова: Оставка на Тошковски, пропустите на МВР и центрите за социјална работа доведоа до трагедија

Правната сигурност и законодавната пракса во Република Македонија: Помеѓу нормативната теорија и практичната реалност