Утрински Весник
Спорт

Рекордерот Роналдо: Знаеме дека можеме да го освоиме ЕП

12292113.jpg

Португалија, во генералната проба пред почетокот на Европското првенство, ја победи Република Ирска со 3:0. Натпреварот во Авеиро го обележа ветеранот Кристијано Роналдо.

Откако првиот гол го постигна Жоао Феликс, Роналдо со два гола во второто полувреме ја запечати судбината на Ирците.

Роналдо го подобри својот рекорд, во дресот на националниот тим дојде до бројката од 130 голови.

„Имаме се што ни треба, но ќе одиме кон целта чекор по чекор, натпревар по натпревар, без да престанеме да веруваме во успех. Триумфот на Европското првенство во 2016 година беше историски и за португалскиот и за светскиот фудбал. Сега стоиме цврсто на земја, но размислуваме и изгледаме високо, бидејќи знаеме дека можеме да го освоиме ЕВРО 2024“, вели Кристијано Роналдо.

Португалската репрезентација ќе игра во Германија во групата Ф. Прв противник им е Чешка на 18 јуни во Лајпциг. Потоа имаат дуели со Турција на 22 јуни во Дортмунд и против Грузија на 26 јуни во Гелзенкирхен.

Можете да прочитате

Стојковиќ: Српските навивачи треба да се гордеат со овој тим

Евро 2024: Словенија избори осминафинале, Србија не ја помина групата

Тепачка помеѓу српските навивачи и германската полиција во Минхен пред натпреварот меѓу Данска и Србија