Канада прими рекордни 431.645 имигранти кои ќе станат постојани жители во 2022 година, објави денеска канадското Министерство за имиграција, бегалци и државјанство.
Доселениците ги збогатуваат нашите заедници и придонесуваат за нашата економија преку нивната работа, отворање работни места и поддршка за локалните бизниси“, се вели во соопштението.
Министерот за имиграција Шон Фрејзер изјави дека целниот број на имигранти е постигнат и оти е надминат рекордот од 2021 година, пренесе „Спутник“.
Тој рече дека ова е најголемиот регистриран број доселеници од 1913 година.
Министерството обработило повеќе од 5,2 милиони барања за постојан и привремен престој и за државјанство, што е двојно повеќе од 2021 година,пренесе Блиц.рс.