Утрински Весник
Македонија

Реконструкцијата на патот Охрид – Свети Наум е во завршна фаза

Avtopat 1.jpg
Dik 300x250 mk

Во завршна фаза е рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри, велат во соопштение од министерството за транспорт.

„Инвестиционата вредност за рехабилитација на овој патен правец е 11,6 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈП за државни патишта.


Со рехабилитација на оваа главна туристичка сообраќајна делница, ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и обезбедуваме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум. Исто така овој магистрален пат има регионално значење бидејќи претставува патна врска со Република Албанија.

До сега, со завршен асфалт комлетно е асфалтиран потегот од граничниот премин на Р. Албанија до Пештани во должина од 19 километри.

Заради зголемување на безбедноста во сообраќајот како и прегледност на патот се изврши растеретување на косини од нестабилен карпест материјал, завршено е со монтажа на заштитна челична мрежа на косините, а исто така на дел на патот поставена е заштитна ограда.

Согласно договорниот рок, се очекува патот комплетно да биде завршен до крајот на месец јуни пред почетокот на летната сезона. Oстанува да се доасфалтираат уште околу 5 км од излезот на Пештани до хотелот Метропол, да се постави заштитна ограда како и хоризонтална и вертикална сигнализација.

Со реализација на овој проект покрај подобрување на патната мрежа во охридскиот регион го подигнуваме квалитетот на туристичкиот потенцијал и го потикнувме економскиот развој на Охрид“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Расчистено намерно опожарување автомобил во Скопје, постапка против едно лице

Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија

Јани Бојаџи за „Утре наутро“: Филмот е инспириран од фаталниот 27 април 2017 година и се занимава со прашањето што после тоа