Утрински Весник
Македонија

Река од народ во Неготино: Протестен марш „Стоп за сообраќајното насилство“

5a89d1e2 A6af 4e8b B369 9e8b31ce4836.jpeg

Со транспаренти, шарени балони и силна порака за правда, во Неготино денес започна протестниот марш „Стоп за сообраќајното насилство“. Илјадници граѓани се собраа за да испратат јасен повик – законите мора да важат за сите, а сообраќајното насилство мора да запре.

Маршот го предводат другарките на 22-годишната Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на 29 јануари, откако беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански Одреди“. Трагедијата ја предизвикал 20-годишниот Васил Јованов, кој во моментот на несреќата управувал автомобил без возачка дозвола, под дејство на алкохол и минувајќи на црвено светло.


На протестот присуствуваат родителите на Фросина, нејзини блиски, пријатели и граѓани кои бараат правда, како и роднини на други жртви во сообраќајни несреќи. Тие, со години чекајќи судска разрешница, бараат од институциите брзо и ефикасно процесирање на случаите и строги казни за виновниците.

Протестниот марш во Неготино не е само израз на болка, туку и повик за системски промени во однос на безбедноста во сообраќајот. Граѓаните јасно порачаа дека толеранцијата за неодговорно возење мора да престане, а институциите да обезбедат правда за жртвите и нивните семејства.

Можете да прочитате

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Владата ќе ги субвенционира ранливите граѓани со по 1000 денари за помали сметки за струја

Владата тргнува во разрешување на државниот обвинител Коцевски