Утрински Весник
Економија

РЕК Битола започна со мини ремонтот на Блок 2

РЕК Битола започна со мини ремонтот на Блок 2

Во РЕК Битола започнаа активностите за нега и санација на Блок 2. Мини ремонтот на постројката предвидено е да трае околу две недели. Во овој период планирани се повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста и доверливоста на блокот.

dobivaj vesti na viber

Блок 2 до искучувањето синоќа во 2 часот по полноќ, беше во континуиран работен процес над 75 дена. Минатата година Блок 2 произведе 1.382.666 MWh електрична енергија што претставува рекорд во последните 8 години. Мини ремонтот кој започна треба да обезбеди стабилност на производството на електрична енергија до крајот на грејната сезона, на оваа 39 години стара постројка.

Согласно планот за производство, во АД ЕСМ продолжуваат со работа сите останати капацитети и потребата за електрична енергија на домаќинствата, малите потрошувачи и дополнителните снабдувања се обезбедува исклучиво од домашно производство.

Можете да прочитате

Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти

Во првите два месеца од 2025 година извозот 1,229 милијарди, а увозот 1,834 милијарди евра

УЈП: Инкасирани 37,4 милиони евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година