Утрински Весник
Македонија

РЕК Битола работи со еден блок

Thumbnail Rek Bitola Tri Bloka.jpg
Dik 300x250 mk

После вчерашниот испад на РЕК Битола од македонскиот електроенергетски систем, во текот на ноќта и утрово комбинатот работи со еден блок.

Вчера доцна попладне во функција беше ставен Блок 1, соопшти РЕК Битола.

„Неочекуваниот испад на блокот заради прекин на напојувањето, предизвика проблем во котелот на Блок 1 заради што постројката во текот на денот ќе биде исклучена од мрежа. Се очекува санацијата на проблемот да заврши до понеделник, по што Блок 1 ќе биде повторно ставен во функција и РЕК Битола да продолжи со работи со два блока“, се вели во соопштението.

Во тек се пуштачки операции на Блок 3 кои вчера беа прекинати заради испадот на 110 киловолтна собирница на МЕПСО. Постројката ќе биде ставена на мрежа во текот на денешниот ден.

Ремонтот на Блок 2 на РЕК Битола се одвива непречено и согласно предвидената динамика.

Можете да прочитате

Службено возило на „Македонски шуми“ пред штаб на политичка партија во валандовско Брајковци

Приведени девет лица, еве што најде полицијата кај нив

Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје