Утрински Весник
Македонија

Регистрирани две нови единки балкански рис на Шар Планина – сега се вкупно пет

20260317115101 big 730x400 81.webp.webp

Националниот парк Шар Планина информира дека со нивниот видеонадзор во заштитеното подрачје се регистрирани две нови единки балкански рис.

„Имаме нова радосна вест. На нашите трап-камери, на територијата на Паркот, неодамна се регистрирани две нови единки од балкански рис. Истите се забележани при вршење на редовен мониторинг, на делот од територијата кој административно припаѓа на Општина Врапчиште. Со ова, бројот на идентификувани единки од рис се зголемува од 3 на 5“.


Двете единки, како што појаснуваат се во добра здравствена состојба, што, како што велат, претставува показател за стабилизирање и закрепнување на популацијата на овој редок вид на Шар Планина.


Можете да прочитате

Филипче најави заеднички фронт: Формираме регионална Скопска иницијатива

Запален „ренџ ровер“ во Шуто Оризари: маскирано лице истурило течност и избегало

МЕД дел од нов меѓународен проект за борба против криволовот на загрозени диви видови