Утрински Весник
Македонија

Регистар за службени возила ќе стави крај на злоупотребите, најави директорот на СОЗР

Img 4080.png

Директорот на службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Ивица Томовски, изјави дека со воведувањето на регистар за службени возила ќе се стави крај на злоупотребите на државните возила. Во интервју за Сител телевизија, тој објасни дека сите државни и општински возила ќе бидат регистрирани во единствен систем и ќе добијат посебни регистарски таблици кои ќе се разликуваат од приватните.

„Со воведувањето на овој регистар ќе имаме целосна контрола врз возниот парк на државата, а возилата ќе добијат таблици во боја, слично како такси и дипломатските возила. Со ова, ќе исполниме уште едно предизборно ветување“, рече Томовски, истакнувајќи дека новите мерки ќе помогнат за јасна разлика меѓу приватните и државните возила.

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ