Утрински Весник
Македонија

Регионална обука за зајакнување на капацитетите на полициските тимови кои работат со службени кучиња

20250902164340 big 730x400 23.webp.webp
Dik 300x250 mk

Регионална обука за зајакнување на капацитетите на полициските тимови кои работат со службени кучиња ќе се одржи на подрачјето на охридското село Шипокно, соопшти СВР Охрид. 

Целта на обуката, според информацијата, е јакнење на капацитетите на припадниците на единицата за службени кучиња во управување и работа со службени кучиња при мисии и операции на тешко пристапен терен.


– Оваа активност, ќе значи зголемување на професионалноста, ефективноста и на целокупната оперативна подготвеност на припадниците на единицата за службени кучиња, во процесот на планирање и ефикасно спроведување на мерките за потрага по лица и предмети на тешко пристапните терени, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Регионалната обука е во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на РСМ во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“, а учесници се полициски службеници-водичи на службени кучиња од министерствата за внатрешни работи на Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.

Проектот, се имплементира во соработка со мисијата на ОБСЕ во Македонија и германската федерална асоцијација за спасување со кучиња.

Можете да прочитате

Врсничко насилство меѓу малолетнички во Чаир – тепањето било снимено и со мобилен

Исчезната скопјанка со здравствен проблем, пронајдена и вратена дома

Шест лица се степале во скопско поради сообраќајна несреќа