Утрински Весник
Македонија

Регионална конференција за род и безбедност во Скопје

20240306185554 big 730x400 67.webp.webp

Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денеска и утре ќе се одржи регионална конференција за род и безбедност.

Конференцијата има за цел да ја олесни размената на искуства, добри практики и предизвици при унапредувањето на родовата еднаквост во рамките на органите за спроведување на законот во регионот на Југоисточна Европа.

Како што најавено, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот Килиан Вал и директорот на ОДИХР Матео Мекачи.

На конференцијата ќе присуствуваат претставници од полицијата, безбедносни агенции и полициски синдикати од Северна Македонија и регионот.

Можете да прочитате

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Нема подолги задржувања на граничните премини

Медитерански циклон ни носи многу дожд и локално невреме!