Утрински Весник
Спорт

Референдумот го спасил Рејна да остане во репрезентацијата на САД

Референдумот го спасил Рејна да остане во репрезентацијата на САД

Џовани Рејна требало да биде избркан од репрезентацијата на САД, пред осминафиналето со Холандија, референдумот одржан меѓу играчите го спасил од срам.

dobivaj vesti na viber

Дека имало проблем со еден играч од почетокот на турнирот, потврдил и селекторот, Грег Берхалтер.

„Имавме играч кој не ги оправда очекувањата и на теренот и надвор од него. Еден од 26. играчи се издвои од останатите. Стручниот штаб со часови размислуваше што да прави со него. Бевме спремни да го избркаме и да му купиме авионски билет за да си оди дома, толку беше екстремна ситуацијата“, изјави Берхалтер но не го откри името на фудбалерот.

ЕСПН тврди дека станува збор за играчот на Борусија Дортмунд, Џовани Рејна.

Рејна толку ги излудел сите во тимот што пред осминафиналето се одржал мал референдум со прашањето: Дали сте за Џовани да остане во тимот или треба да биде испратен дома?

Како што открива ЕСПН, Рејна „преживеал“ за еден глас. 12 фудбалери не сакале тој повеќе да биде во репрезентацијата, 13 гласале за тој да остане во Катар.

На крајот им се извинил на соиграчите и селекторот, а потоа доби шанса како резерва да игра против Холандија.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ