Утрински Весник
Македонија

Редици на Табановце: Чекање над 30 минути за излез од Македонија

Gp Tabanovce.jpg

Интензитетот на возила на патните правци надвор од градските средини е умерен, но на Граничниот премин Табановце се забележува зголемена фреквенција за излез од државата. Времето на чекање на возилата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини, пак, нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот, да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да возат внимателно, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите каде постои можност за одрони.


Особено внимание се советува на патиштата: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

– Сите граѓани кои патуваат кон соседните држави преку Табановце треба да предвидат дополнително време за чекање и да бидат внимателни на патот – велат од АМСМ.

Можете да прочитате

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви

24 сторија: Самохрана мајка без редовни приходи мора да плати приватна хоспитализација на нејзиниот татко поради немање државјанство