Утрински Весник
Спорт

Ред Бул направил ситен прекршок, Ферстапен останува светски првак

Ред Бул направил ситен прекршок, Ферстапен останува светски првак

Ниту еден тим од Ф1 нема да биде строго казнет за кршење на правилата за буџетско ограничување минатата сезона бидејќи биле направени само ситни прекршоци. Како што објави денеска „Скај Италија“, се очекува секој тим што се придржувал до буџетот од 145 милиони долари за 2021 година да добие сертификат за усогласеност.

dobivaj vesti na viber

Буџетскиот лимит се однесува на парите потрошени за развој и перформанси на болидот, но не и за големи ставки, како што се платите на возачите, трошоците за маркетинг, логистика, патни и правни трошоци.

Според сознанијата на „Скај“, направени се само помали прекршувања на буџетската граница, што претставува пречекорување за помалку од пет проценти, а за ваквите прекршувања се предвидени поблаги казни.

Можните казни вклучуваат одземање поени во шампионатот за возачи и конструктори и суспензија од една или повеќе фази од натпреварувањето. Исто така, меѓу опциите се ограничувањата на тимовите што вршат аеродинамички и други тестови или намалување на нивната вкупна граница на трошоците во иднина.

Доколку некој тим направи голем прекршок, една од казните е исфрлање од шампионатот.

Италијанските медиуми минатата недела објавија дека Ред Бул можеби претерал минатата сезона. Шефот на Мерцедес, Тото Волф, рече дека тоа е јавна тајна, но Ред Бул остро ги отфрли обвинувањата нарекувајќи ги фиктивни. Волф рече дека со правење помали прекршоци тимовите ќе може да потрошат дополнителни седум милиони фунти, а доколку казните се лесни, секој тим ќе биде подготвен да ги прекрши правилата во иднина.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ