Утрински Весник
Балкан

Речиси половина од Албанците живеат во странство – над 2,2 милиони во дијаспора

Zname albanija.jpg

Околу 2,2 милиони албански граѓани, или речиси 49 проценти од вкупното население, живеат надвор од земјата, покажуваат индиректните проценки за 2025 година на Институт за статистика на Албанија (ИНСТАТ), пренесува Топ чанел.

Според податоците, од 1990 година досега во странство се иселиле 2.256.346 лица, додека според последниот попис во Албанија живеат 2.402.113 жители. Анализата покажува дека дијаспората е претежно млада – најголем дел се на возраст од 15 до 64 години, 18 проценти се деца до 14 години, а околу 5 проценти се над 65 години. Од вкупниот број, 1.177.529 се мажи, а 1.078.817 жени.

Извештајот посочува дека новата дијаспора е економски активна и најчесто се насочува кон европските земји. Најголеми заедници има во Грција, Италија, Германија, Франција и Обединето Кралство.

Според податоци на Евростат за 2024 година, Италија, Грција и Германија имаат најголем број дозволи за престој за албански државјани, при што 47,6 проценти од дозволите во ЕУ се издадени за семејно обединување, а 29,1 проценти за вработување.

Главните причини за иселување се економските можности, додека 16 проценти заминуваат поради семејни причини, а околу 6 проценти поради образование.

Можете да прочитате

Шеќеринска: Западен Балкан е регион од стратешко значење за Алијансата

ЕК може да замрзне 1,6 милијарди евра средства за Србија поради новите закони за судовите

Пешаци трчале преку автопат во Хрватска, двајца од нив загинале