Утрински Весник
Свет
Img 7972

Речиси 90 луѓе загинаа во зимските бури во САД

Image 2024 01 22 083918923
Img 7972

Речиси 90 смртни случаи поврзани со временските услови се пријавени низ САД по жестоките зимски бури што ја зафатија земјата минатата недела.

Најмалку 25 луѓе загинаа во Тенеси и 16 во Орегон, каде што останува во сила вонредната состојба по силните ледени бури. Десетици илјади луѓе останаа без струја, меѓу кои 10. 000 жители во Орегон, 8.000 во Северна Каролина, 7. 000 во Калифорнија и 4. 300 во Кентаки, јавува Би-Би-Си.

Иако бројот на смртни случаи е најголем во Тенеси и Орегон, смртни случаи се пријавени и во Илиноис, Пенсилванија, Мисисипи, Вашингтон, Кентаки, Висконсин, Њујорк, Њу Џерси и на други места.

Минатата недела во Портланд три лица настрадаа од струен удар кога на нивниот автомобил паднал далновод поради силниот ветер.

Пет лица, повеќето бездомници, починаа во Сиетл во текот на четири дена поради зимски услови. Според метеоролозите ледениот бран се очекува да продолжи до средината на неделата.

Можете да прочитате

ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп