Утрински Весник
Македонија

Речиси 50.000 неважечки ливчиња на вчерашните избори

710e93d2 6905 4b07 8207 7a6ee84f6dbc.jpeg

Според првичните неофицијални податоци од Државната изборна комисија (ДИК), на изборите гласале вкупно 883.937 граѓани, од кои 833.984 ливчиња се важечки, а 49.957 се неважечки. Излезеноста изнесува 48,29 отсто. Право на глас имаа 1 832 415 граѓани запишани во Избирачкиот список.

Се додава дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови за советници на вчерашните локални избори. Според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, обработени се 3.471 од вкупно 3.474 избирачки места, што претставува 99,91 отсто од вкупниот број.


ВМРО-ДПМНЕ добила поддршка од 301.919 гласачи, додека опозицискиот СДСМ освои 125.824 гласови.

На третото место е коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, со над 114.246 гласови, додека коалицијата ВРЕДИ добила околу 91.242 гласа.

Политичката партија Левица добила поддршка од 57.063 гласачи, а партијата ЗНАМ 38.421. Коалицијата Искуство за успех (ГРОМ, ЛДП, Интегра, ПЦЕР) освоила 13.000 гласови.

Можете да прочитате

Алиу: Прекумерната тежина е сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети

Демократски Сојуз: Сложените геополитички и безбедносни состојби бараат единство

 Лажен полицаец му зел 3.500 евра на граѓанин