Ребел Вилсон доби девојче преку сурогат мајка.
Актерката (42), која е во врска со дизајнерката Рамона Агрума, се огласи на Инстаграм за да го објави доаѓањето на своето прво дете.
„Повеќе од горда што можам да го објавам раѓањето на моето прво дете, Ројс Лилијан, родена изминатава недела преку сурогат,“ напиша таа со фотографија од новороденчето.
„Не можам да ја опишам љубовта што ја чувствувам кон неа, таа е прекрасно чудо! Засекогаш сум им благодарна на сите што беа вклучени, (знаете кој сте), ова се подготвуваше со години… но особено сакам да изразам благодарност на мојата прекрасна сурогат мајка кој ја носеше и ја роди со таква милост и грижа. Ви благодарам што ми помогнавте да основам сопствено семејство, тоа е неверојатен подарок. НАЈДОБРИОТ подарок!!“
Ребел исто така откри дека веќе брзо учи за предизвиците на мајчинството.
„Подготвена сум да ѝ ја дадам на малата Ројси сета љубов што може да се замисли. Брзо учам…голема почит за сите мајки таму! Горда што сум во вашиот клуб.“
Ѕвездата на Bridesmaids ја објави врската со Рамона во јуни.