Утрински Весник
Македонија

Реализацијата на инфраструктурните проекти во фокусот на средбата Николоски-Памер

1000063103.jpg

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер. На средбата се разговараше за економската и трговска соработка меѓу двете земји и инвестициите, а посебен акцент се стави на реализацијата на инфраструктурни проекти, соопшти Министерството за транспорт.

На средбата се разменија информации за проектот за реализација на брза пруга и нејзиното влијание врз регионалниот развој на државите долж Коридор 10, притоа вицепремиерот Николоски ја истакна заложбата на Владата за подобрување на регионалното поврзување преку изградба и модернизација на европските коридори.

“Соработката помеѓу двете земји е на одлично ниво и со амбасадорот се согласивме истата да продолжи во сите области од заемен интерес за двете држави. Имаме зачителен број на инвеститори од Австрија, имаме стабилна деловна клима и очекуваме трговската соработка дополнително да се зголемува. Австрија е наш долгогодишен партнер и пријател и имаме цврста поддршка во реформските процеси” -истакна по средбата вицепремиерот Николоски.   

Двајцата говорници се согласија на заедничките напори и меѓусебна поддршка како основа за подобрување на севкупните односи меѓу двете земји и подигнување на регионалната соработка, информираат oд Министерството.

Можете да прочитате

Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот

Протестот во Битола заврши, сообраќајот сѐ уште се пренасочува

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД