Трансферот на Касемиро во Манчестер јунајтед е последната голема зделка што ја направи Реал Мадрид во овој преоден рок. Шпанските медиуми се согласни дека Флорентино Перез и Карло Анчелоти повеќе не планираа некој голем трансфер, но се согласуваат дека во последните денови од преодниот рок кој трае до 1 септември би можеле да се случат голем број помали трансфери.
И покрај тоа што Реал е во многу подобра финансиска позиција од Барселона, која мака мачи со долговите и со „селари капот“ на Ла Лига, двата тима во последните денови од преодниот рок влегуваат со слични проблеми – како да се ослободат од играчи кои се вишок во соблекувалната, а никој не ги сака.
Во Реал има тројца фудбалери: Марко Асенсио, Алваро Одриозола и Маријано Дијаз се играчи кои од чии услуги Реал сака да се ослободи пред крајот на преодниот рок.
Посебна приказна е Дијаз, кој никогаш не беше во преден план. Дијаз во Мадрид пристигна во текот на летото 2018 година од Лион за 21.500.000 евра, а потпиша петгодишен договор вреден 4.500.000 евра годишно. Реал е подготвен да го пушти без обесштетување веќе ова лето и покрај тоа што има уште една година од договорот.
Сепак, проблемот е што Дијаз не размислува за заминување, тој ги одби сите досегашни предлози и е решен да остане во клубот до истекот на договорот. Јасно е дека Дијаз никаде не може да добие плата каква што има во Реал.