Утрински Весник
Спорт

Реал подготвува понуда за Сон, Тотенхем бара 100 милиони евра

Реал подготвува понуда за Сон, Тотенхем бара 100 милиони евра

Фудбалерот на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин по Светското првенство во Катар би можел да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.
Британските медиуми пренесуваат дека Реал веќе стапил во контакт со Сон и неговите менаџери. Трансферот би можел да се реализира по завршувањето на Мундијалот, а најдоцна во зимскиот преоден рок.

dobivaj vesti na viber

Репрезентативецот на Јужна Кореја има договор со клубот од Лондон до јуни 2025 година, а британските медиуми истакнуваат дека вредноста на играчот на Тотенхем е околу 75 милиони евра.

Сепак, челниците на лондонскиот клуб не сакаат да го продадат Сон за помалку од 100 милиони евра.

Сон (30) е член на Тотенхем од 2015 година, а претходно играше за Леверкузен и Хамбург. За лондонскиот клуб одигра 341 натпревар и постигна 136 голови.

Сон ќе ја предводи селекцијата на Јужна Кореја на СП што ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември. Јужна Кореја ќе игра во групата Х со Гана, Португалија и Уругвај.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026