Во распродадената „Арена“, победничката низа од четири меч на Партизан беше стопирана со 94:97 победа на Фенербахче, додека Реал Мадрид со 91:69 ги победија Жалгирис за да се вратат на врвот на табелата.
Реал Мадрид немаа најдобар почеток, губејќи ја првата четвртина со 22:24 од Жалгирис, но одговорија со фантастична втора четвртина (31:14), по што рутински стигнаа до својата четврта победа во низа во Евролигата. Тие сега имаат 17-7 скор и се израмнети со Олимпијакос на врвот (иако грчкиот тим има натпревар помалку).
Џанан Муса ги предводеше Реал со 17 поени и 5 скока, Еди Тавареш има 16, а Габриел Дек и Најџел Вилијамс-Гос по 12 поени, Кај гостите, само Игнас Браздеикис со 16 поени беше двоцифрен и сега имаат 12-13 скор и се надвор од местата кои водат во плејофот.
ЕВРОЛИГА, 25.КОЛО
Макаби Тел Авив – Баерн Минхен 90:82 (18:18, 21:26, 22:23, 29:15)
Олимпија Милано – Панатинаикос 78:76 (20:21, 20:18, 24:21, 14:16)
Реал Мадрид – Жалгирис 96:69 (22:24, 31:14, 23:14, 20:17)
Партизан – Фенербахче 94:97 (22:22, 24:25, 23:21, 25:29)