Утрински Весник
Спорт

Реал го продава Чуамени

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Аурелијан Чуамени (23) ќе биде жртвата на големите планови кои во летниот преоден рок ги има претседателот на Реал Мадрид, Форентино Перез. Специјализираниот фудбалски магазин „Four Four Two“.

dobivaj vesti na viber

Флорентино Перез во летниот преоден рок планира да го донесе Џуд Белингем, според медиумите овој траснфер е веќе завршен, а исто така ќе се обиде да го убеди Килијан Мбапе да се пресели во Мадрид.

За оваа операција на Перез му се потребни околу 300 милиони евра. Дел од парите ќе се обиде да ги обезбеди со трансферот на Чуамени. Францускиот репрезентативец минатото лето пристигна во Мадрид од Монако, за сума од 80 милиони евра.

Не ги оправда очекувањата, не успеа да се наметне покрај ветераните Модиќ и Крос. Чуамени добро влезе во сезоната, но целосно потоа по Светското првенство. Очигледно врз него влијаеше промашениот пенал во финалето против Аргентина.

Интерс за Чуамени покажува Ливерпул, според „Four Four Two“, Јирген Клоп смета дека Французинот би бил идеално засилување за неговиот тим.

Според овој извор Реал и Ливерпул ги започнале преговорите.

Можете да прочитате

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк