Утрински Весник
Спорт

Реал ја крена цената на билетите на рекордно ниво

20240816080904 Big 730x400 34.webp.webp

Шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид ги зголеми цените на билетите на рекордно ниво откако минатиот месец ја донесе француската ѕвезда Килијан Мбапе.

Новата сезона во Ла Лига стартуваше вчеравечер, а Реал својот прв натпревар на домашен терен ќе го игра за две недели против Ваљадолид. Цената на билетите за премиерниот дуел на „Сантијаго Бернабеу“ се движи од 95 и 210 евра.

Ваљадолид летово се врати од втората лига, а за натпревар против повратник во прволигашката конкуренција на „Сантијаго Бернабеу“ навивачите на Реал минатата сезона требаше да издвојат најмалку 55 евра.

Годишниот билет за најевтиниот сектор е 650 евра

Мбапе ова лето дојде во Реал без обесштетување, но финансиските детали околу платата на францускиот фудбалер не беа обелоденети.

Реал минатата сезона оствари приход од 1,07 милијарди евра, што е за 27 отсто повеќе од претходната сезона.

Можете да прочитате

Ајакс и Панатинаикос поставија рекорд во меѓународниот фудбал со 34 пенали

Втор пораз за Тиквеш на Струшкиот ракометен турнир

Македонските кошаркари на 57 место на ФИБА ранг-листата, скок за една позиција