Реакции во Србија на политичари и наслови од медиуми пред денешниот протест во Белргад – Протест поради најавата за отворање на рудник за литиум во долината на Јадар и рударската компанија „Рио Тинто“ ќе се одржи денеска во 19 часот на Теразије во Белград, во организација на еколошки здруженија од Србија. Тие здруженија протестот го организираат на денот на истекот на рокот од 40 дена што и го одредиле на српската влада да го усвои законот за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија.
–Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека полицијата во Суботица во соработка со БИА уапсила четири лица кои планирале да ја нападнат полицијата и да предизвикаат насилство и безредие на протестот во Белград. Полицијата во Суботица во соработка со БИА уапси четири лица кои планирале да ја нападнат полицијата и да предизвикаат насилство и немири на протестот во Белград, со што подготвиле напад врз уставниот поредок.
-Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин денеска изјави дека по апсењето во Суботица на лица кои планирале денеска да ја нападнат полицијата и да предизвикаат насилство и немири на протестот во Белград, предупредувањата на руските специјални служби и повторените повици на НАТО опозицијата да ја смени власта преку насилство, сака да го предупреди претседателот Александар Вучиќ да престане да ги потценува заканите и кон него и кон Србија. Тој му порача – „да не ја повтори грешката на Слободан Милошевиќ по секоја цена и дозволи странците и домашниот џган насилно да ја преземат власта“.
„Претседателот Александар Вучиќ не е Јанукович и барам од него да се бори и да не попушти. Србија и историјата нема да му простат ако во Србија се случеше Мајдан или 5 октомври и се повтори окупацијата на Србија“, рече Вулин.
– Лидерот на Движењето „Крени-промени“, Саво Манојловиќ денеска го повика министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ полицијата да го почитува законот и да не врши насилство, како и да престане да создава инциденти.
Манојловиќ рече дека последниот пат кога „Ивица Дачиќ и претседателот на Србија, Александар Вучиќ се вклучија во некаков протест, Ранко Паниќ загинаа трагично“. „Дачиќ тогаш беше министер за внатрешни работи, а во организацијата на тие протести учествуваше и Александар Вучиќ“, посочува Манојловиќ во соопштението.
– Како еколошки амбасадор – Јас сум на страната на народот, не можам да бидам на страната на превртливите. Секогаш кога народот протестира, ако имам дополнителна енергија, ја испраќам“, изјави српскиот поет и писател Љубивоје Ршумовиќ за ТВ Н1.
– На насловните страници на изданието за сабота, 10.08.2024 година, белградските дневни весници најмногу пишуваат за протестите против ископувањето на литиум и наводните планови со нив да се изврши „државен удар“.
ВЕЧЕРЊЕ НОВОСТИ – „Се подготвуваат немири, главна цел е државен удар“, пишува весникот за наводните предупредувања што Русија ги упатила до српскиот претседател во пресрет на протестите во Белград.
ДАНАС – „Србија на Теразије“, за протестот против ископ на литиум. Активистите кои беа приведени на протестите во другите градови наведуваат дека „владата не може да не заплаши и да не поколеба“. „Се очекуваа независни експерти, а најмалку половина од нив со една партија“, вели епидемиологот Зоран Радовановиќ за државниот здравствен тим кој треба да ги анализира последиците од отворањето на рудникот.
НОВА – Претседателот на Националното движење на Србија, Мирослав Алексиќ, во интервју за весникот изјави дека Вучиќ ги памети националните интереси само кога ќе ги распродаде. За протестите во текстот „Нема да има рудници“.
ПОЛИТИКА – Весникот ја пренесува изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ „Москва не предупреди за подготовка на државен удар“. За протестите против литиумот во текстот „Дестабилизација на Србија под превезот на екологијата“.
КУРИР – „Кому ќе верувате“, престанете со шарлатаните и теоретичарите на заговор, само стручните лица може и мора да даде одговори на сите прашања за литиумот.
СРПСКИ ТЕЛЕГРАФ – Весникот пишува и дека се подготвуваат немири за протестот против ископ на литиум во Белград, „Три центри подготвуваат насилство“.
ИНФОРМЕР – Весникот ја пренесува и изјавата на претседателот Вучиќ „Никој нема да ја украде власта на улица“.