Утрински Весник
Македонија

Реакција од ВМРО – ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ

Vmro.jpeg

СДС и ДУИ се тие кои што го партизираа и директно се мешаа во судството, тоа го потврди и САД со ставањето на Груби на црната листа за влијание во судски одлуки

СДС нема кредибилитет да зборува за судството и независноста на институциите, затоа што СДС со својот коалициски партнер ДУИ, седум години практикуваа исклучиво партизација на сите пори на општеството.


СДС и ДУИ се синоним за партизација и окупирање на институциите.

СДС и ДУИ се синоним за партизација и директно влијание во правосудните органи.

СДС и ДУИ во нивните партиски штабови бираа и поставуваа судии и јавни обвинители.

Тоа го покажа и последниот случај на црната листа на Стејт департмернот, каде се најдоа поранешниот вицепремиер во владата на СДС и ДУИ, Артан Груби и судијата Енвер Беџети за директно мешање и влијание во судски процеси и одлуки.

Стратешкиот партнер САД обезбеди докази дека Артан Груби земал мито за да влијае врз судска одлука.

Претходно судиите Наќе Ѓоргиев и Иџет Мемети, блиски до СДС и ДУИ, исто така признаа дека земале поткуп за да влијаат врз судски предмети.

Во судството избрано во штабовите на криминалната коалиција на СДС и ДУИ, нема правна разрешница за случаите како Дурмо Турс, модуларната болница во Тетово, како и за онкологија.

Седум годишниот период на владеење на СДС, заедно со нивниот коалиционен партнер ДУИ го урнисаа правосудниот систем, така што довербата на граѓаните ја доведоа до 2%.

ВМРО-ДПМНЕ работи на целосна трансформација, професионализација и независност на правосудните органи, кои ќе донесат правда за сите во Македонија, а оние кои што се огрешија пред законите ќе одговараат.

Можете да прочитате

(Видео) Во недела нова епизода на подкаст Зрак, посветен на карциномот на коска

Министерство за финансии ќе ги „чешла“ Лазаров и Боки 13

Во кавадаречко Горна Бошава водата не е за пиење