Утрински Весник
Македонија

Реакција на СДСМ за предложените кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада

D181d0b4d181d0bc D0bfd0bed182d0bed0bfd0b5d0bdd0b8 D181d0b5 D0bbd0b0d0b3d0b8d182d0b5 D0bdd0b0 D0bcd0b8d186d0bad0bed181d0bad0b8 D0bdd0b5 63cd8b4d5127e (1)

Се тресеше гората и на крај се родија слаби кадри на ДПМНЕ за техничката Влада

Се тресеше гората во Белата палата и на крајот ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри.

Дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се кадри од времето на Никола Груевски за кои има поднесено кривични пријави, дел се поранешни функционери во град Скопје, но ниту еден нема зад себе ниту еден резултат.

Очигледно драмите околу техничката влада од страна на ДПМНЕ, прво дека нема да учествуваат, потоа дека нема потреба, па дека ќе учествуаат но нема да гласаат се должат на личните хирови на Мицкоски и немањето кадровски потенцијал на опозицијата.

ДПМНЕ нема никаква програмска понуда а сега уште еднаш потврди дека нема ниту кадровски потенцијал.

Овие 100 дена на ДПМНЕ во техничката Влада ќе бидат единствената можност да бидат на власт и тоа само заради подготовка на изборниот процес, а потоа ќе се вратат назад во опозиција уште 4 години.

 

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани