Утрински Весник
Свет

Реакција на Маск по објавата на документите за Епстин во кои се споменува неговото име

Mask.jpg

Милијардерот Илон Маск се огласи на социјалните мрежи откако неговото име се појави во новиот пакет објавени документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, кои вклучуваат е-мејл преписка од 2013 година.

Според објавените мејлови, Маск во декември 2013 година разменувал пораки со Епстин за можна посета на неговиот карипски остров, додека посебна преписка покажува дека Епстин во февруари истата година се обидувал да договори ручек со Маск.

Маск на Х наведе дека имал многу ограничена комуникација со Епстин и дека одбил повеќекратни покани да го посети неговиот остров или да патува со неговиот авион.

Тој истакна дека е свесен дека дел од преписката може погрешно да биде протолкувана, но оти тоа не го загрижува. Маск додаде дека силно се залагал за објавување на документите за Епстин и нагласи дека е важно кривично да се гонат оние кои сториле тешки кривични дела, особено во случаите на сексуално искористување малолетнички.

– Свесен сум дека дел од мојата преписка со Епстин може погрешно да се протолкува. Ниту едно лице не се залагало посилно од мене за објава на документите за Епстин и мило ми е што тоа конечно се случи, наведе Маск на Х.

Можете да прочитате

Протести против федералните служби во САД

Најмалку 12 Палестинци загинаа во израелски напади во Газа

Украина соборила 64 руски дронови, Русија уништила 26 украински дронови