Утрински Весник
Македонија

Реакција на ДУИ за најавената средба Мицкоски-Филипче

Dui Zgrada 98287 207965 1.jpg

Реагираа од опозициската ДУИ од каде велат дека изразуваат загриженост за како што пишуваат се понагласената моноетничка доминација која власта ја демонстрираше во првата година од своето владеење, а сега веќе на јавна сцена ја вклучува и етничката македонска опозиција во својата намера.

– Јавноста е просто згрозена од овој јавен флерт на Мицковски и Филипче, за полноќни средби во политички интимна атмосфера на која ништо помалку туку ќе се крои планот за нов општествен договор за регулација на идните политички текови. Иако и досега не беа за ништо прашувани, дегутантен е молкот на албанскиот партнер во Владата. на Република Северна Македонија ѝ е насушно потребен суштински политички дијалог, но не на интимни полноќни средби, туку во пристоен политички формат, со јасно изразена репрезентативност на сите граѓани, и во кој ќе се отворат суштинските прашања од значење за земјата, стои во реакцијата на ДУИ.


Можете да прочитате

Граѓански бунт против казните: Блокиран транзитниот пат во Струмица

Протест против новиот закон за одземање на возила од лица без дозвола

Тошковски: Со Безбеден град имаме намалување за 32 отсто на повредени лица само во Скопје